НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе го прости ли Максим Димитриевски „27 април“ на ВМРО-ДПМНЕ во борбата за власт?

0
By Gabi Tocko on April 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СОЊА ТАНЕСКА

Македонија денеска одбележува 7 години од драматичните настани, тензии и насилства кои се случија на 27 април, 2017 година, попознат како „крвавиот четврток“, кога поголема група протестирачи упаднаа во Собранието, а беа физички повредени пратеници и новинари.

Во тековната кампања за претседателски и парламентарни избори кампањата, наративот на досега опозициската ВМРО-ДПМНЕ е ист како и во последните 4 години, , тие се ставија во програма за ревизија на злоделата на  заробената држава и да ги именуваат како жртви насилниците од 27 април кои извршија организиран државен удар.

Најцрн датум

„Ова е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ поттикна вооружени насилници да упаднат во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и да предизвикаат и граѓанска војна. Денес, тие насилници кои беа придружувани и од самиот Христијан Мицкоски пред македонското Собрание, ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува уставобранители, дури бараше и нивна амнестија, што само покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ“, велат од владејачката СДСМ.

Седум години по „крвавиот четврток“, тие велат дека во ВМРО-ДПМНЕ нема ниту ронка каење или извинување за теророт што оваа партија го создаде само за да не ја предаде власта. „Напротив, не само што нема извинување или осуда, туку партијата предводена од Христијан Мицкоски ги слави и наградува извршителите на грозоморниот чин и се залага за нивна амнестија. Пример за тоа е одлуката на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и Левица во Советот на општина Битола парично да ги награди осудените лица за 27 април“, реагира минатата година од партијата.

Сиљановска-Давкова најави дека од позиција на претседателка ќе ги помилува осудените од 27 април

Во името на правдата, етиката и моралот, претседателот на државата потребно е понекогаш да се одважи и да посегне по кочницата наречена помилување. Тоа ќе го направам и честопати го споменувам, особено кога ги имам на ум обвинетите од 27 април, ова го соопшти  на вториот ден од изборната камапања за првиот круг од претседателските избори, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, најавувајќи дека доколку дојде на позицијата претседател на државата, ќе ги помилува осудените од 27 април.

„Вам, граѓаните, кога некогаш неоправдано ќе се најдете во судот, пред лицето на правдата, односно на неправдата, многу ви е важно дали има шанса од една кочница наречена помилување. Да, помилувањето не е случајно, има долга историска традиција. Го користеле кралеви, кралици, претседатели, ама кај нас мислам дека не се користело кога треба или се злоупотребувало кога не треба. Потребно е во името на правдата, на етиката, на моралот, претседателот понекогаш да се одважи и да посегне по една кочница во однос на судот. Тоа ќе го направам и честопати го спомнувам, особено кога ги имам на ум обвинетите од 27 април. Страшно ме погоди судбината на Јане Ченто. Зар е можно судбината на неговиот дедо да се повторува во 21 век, во современа Македонија. Замислете да бидете обвинети за организирање на тетрористичка закана или за рушење на уставниот поредок на Македонија. Последиците ќе ги чувствувавме до ден денес ако имаше таква закана“, рече во оваа насока Сиљановска-Давкова.

Дали Максим Димитриевски има „амнезија“?

Советник во Куманово, пратеник во Собранието и градоначалник. Ова се скалилата по кои се движеше досегашната политичка кариера на Максим Димитриевски, чиј амбиции се од мај годинава беа да биде и претседател на државата. Порано, член на СДСМ, а од ноември лани претседател на партијата ЗНАМ – За наша Македонија, која ја формираше откако му се разделија патиштата со социјалдемократите кои не го поддржаа за вториот градоначалнички мандат во Куманово. Според изборниот резултат на претседателските избори во првиот круг тој се споменува како можен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. За време на кампањата тој воопшто не го спомена законот за амнестија на осудените за „27 април“ иако јасни се позициите на ВМРО-ДПМНЕ по доаќањето на власт.

-Никогаш повеќе никаде и никому да не се повтори, напиша кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, во 2021 година,  споделувајќи фотографии од истиот ден пред кога се случи упадот во Собранието. Димитриевски додава дека верува дека постапиле исправно, но им се обрати и на своите истомисленици во тој период, дел од кои, како што вели, можеби сега се трансформирале во тоа против што се бореле.

„Ден денеска верувам дека во тој момент постапивме исправно, слободата и демократијата е се, кога некој те напаѓа должен си да се браниш. Времето ќе покаже дали сите останавме доследни на тогашната идеологија или пак поединци денеска се трансформираа во тоа против што тогаш се боревме, како и да е историјата еден ден ќе запише се!, вели тој.

Новинарите добија ветер во грб од Уставниот суд за 27 април

Уставниот суд 12 јули минатата година донесе одлука со која го трасираше патот како судовите треба да постапуваат во иднина во тужбите поднесени од страна на новинари за случувањата од 27 април 2017 година во Собранието, кога е повредена нивната уставно загарантирана слобода на изразување при известувањето за „крвавиот четврток“.

По повеќе од една година од поднесувањето на иницијативата, судот утврди дека е сторена повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинарот на „Фокус“, Влатко Стојановски и тоа со две пресуди, една од Граѓанскиот суд Скопје од 2021 година и една од Апелациониот суд Скопје исто од 2021 година. Според чуварите на Уставот, во двете пресуди е пропуштено да се утврди повреда на слободата на изразување на Стојановски.

Новинарот сметал дека државата преку соодветни државни институции не ја гарантирала неговата безбедност на 27 април, а двата суда со пресудите не ги зеле предвид тужбените барања за повреда на слободата на изразување додека известувал како новинар за собраниските случувања. Граѓанскиот суд го одбил Стојановски со образложение дека членот 10 од Европската конвенција за човекови права се однесувал на овозможување на секој да го изрази своето мислење во секојдневното живеење, а не во услови кога се случуваат акти на насилство како што бил настанот на 27 април.

„Одлуката е исклучително битна, иако не е прва со која се утврдува повреда на слободата на изразување, заради тоа што со неа за прв пат Уставниот суд утврдува повреда на позитивните обврски на државата да обезбеди заштита на новинарите при извршување на нивните професионални обврски, односно информирање на јавноста“, рече тогаш адвокатот Филип Медарски, кој често ги застапува новинарите во нивните правни битки.

Според него, важноста на јавноста да биде информирана за определени настани од јавен интерес подразбира обврска на државата да обезбеди услови новинарите да можат непречено да известуваат за нив.

„Доколку државата затаи во овој дел, постои повреда на слободата на изразување. Уставниот суд преку својата одлука ја афирмира ваквата позитивна обврска на државата и заради тоа оваа одлука е битна“, истакнува Медарски.

Дел од правните експерти се на мислење дека во иднина не ќе има потреба да се оди во Стразбур, бидејќи новинарите ќе можат да го остварат своето право на барање надомест и пред домашните судови. Висината на штетата се утврдува согласно Законот за парнична постапка по пат на вештак или на друг начин.

Затворски казани 

Седум години потоа, 17 лица осудени за 27 април (заедно со Сашо Марковски, за кого постапката беше одвоена) се во неколку затвори во земјава. Митко Чавков, носителот на златната команда и раководител на оперативниот штаб, е во затворот во Штип. Таму се и полицаецот Митко Пешов, Душко Лазаров, полициски службеник со долгогодишно искуство, полицаецот Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Младен Додевски, Јане Ченто, Влатко Трајковски и Никола Митровски – Кољо.

Во затворот во Штип неколкумина од осудените се и работно ангажирани, односно полицаецот Митко Пешов работи во пералната за алишта, Оливер Поповски работи во училницата за компјутери, односно ги обучува осудените лица со основни познавања од компјутерите, Ченто работи во затворската библиотека и води евиденција за тоа кој од осудените лица зема и враќа книги, Додевски е работно ангажиран во кујната, а Пепиќ и Трајковски во резбарското одделение.

Во затворот во Прилеп се Горан Ѓошевски – Леви, Игор Југ и Вилијам Михајловски, а во најголемиот затвор во државава од оваа постапка се само Сашо Марковски.

Извор: Градска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.