Проф д-р ЦанеТ. Мојаноски
Четврто продолжение:
На овие избори се пријавени 1677 кандидати предложени од 17 субјекти. Бројот на прифатените листи и бројот на кандидатите е прикажан во следната Табела.
Табела број 1 Вкупно предложени кандидати според предлагачот | ||
Предлагач: | f | % |
АВАЈА – ДОСТА Е! | 80 | 4,77 |
ГРУПА ИЗБИРАЧИ ЏУЛА ЧЕЛИКУ | 20 | 1,19 |
Движење ЗНАМ – За Наша Македонија | 120 | 7,16 |
ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА | 100 | 5,96 |
Коалиција “ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ | 120 | 7,16 |
Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО-ДПМНЕ | 120 | 7,16 |
Коалиција ВЛЕН | 120 | 7,16 |
КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ | 120 | 7,16 |
Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА – ГРОМ | 120 | 7,16 |
Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти | 119 | 7,10 |
ДЕМОКРАТИ | 120 | 7,16 |
ДЕСНА | 79 | 4,71 |
Левица | 120 | 7,16 |
НОВА АЛТЕРНАТИВА | 80 | 4,77 |
РОДИНА | 120 | 7,16 |
Работничка партија | 40 | 2,39 |
ТВОЈА ПАРТИЈА | 79 | 4,71 |
Вкупно | 1.677 | 100,00 |
Од табеларниот приказ може да се укаже дека 9 овластени предлагачи имаат листи по 120 кандидати, еден со 119, еден со 80, два по 79, еден 40 и еден 20 кандидати.
Карактеристиките на листите според предлагачите можат да се опишат на тој начин што ќе се прикаже територијалната дистрибуција според предлагачите.
Карактеристиките на листите на кандидати според предлагачот на листите
Имено, предлагачот Аваја- Доста е!, од предложените 80 кандидати, 20 или 25,00 % се од Битола, 18 или 22,50 % од Тетово 16 или 20,00% од Штип и 10 или 12,59 % од Струмица. Останатите 16 или 20,00 % се од Неготино, Радовиш, Виница, Кавадарци, Шуто Оризари, Велес, Делчево и Теарце.
Предлагачот Група избирачи Џула Челику, предложил листа од 20 кандидати од кои 7 или 35,00 % се од Тетово, 5 или 25,00% се од Кочани, и по еден кандидат од Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Арачиново и Брвеница.
Движењето ЗНАМ, предложило листи со 120 кандидати од кои по 8 или 6,67% се од Карпош и Тетово, по 7 или 5,83 од Битола, Гостивар и Куманово, по 5 или 4,17% се од Аеродром, Велес, Јегуновце и Охрид, по 4 или 3,33% се од Кисела Вода, Центар, Кочани, Прилеп и Струмица, по 3 кандидати или 2,50 % од Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кавадарци, по 2 кандидати или 1,67% од Чаир, Брвеница, Гевгелија, Демир Хисар, Дојран, Крушево, Неготино, Свети Николе, Струга и Штип и по 1 кандидат или 083 % предложени од општините се од Берово, Валандово, Василево, Виница, Илинден, Македонска Каменица, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Теарце и Чешиново.
Кандидатите предложени на листите од политичкиот субјект Единствена Македонија се вкупно 100, од кои 15 или 15,00 % се од Битола, по 12 или 12,00% се од Кисела Вода и Прилеп, по 7 или 7,00% се од Аеродром и Карпош, по 6 или 6,00% се од Велес и Илинден, по 4 или 4,00% се од Гази Баба, Ѓорче Петров и Центар, 3 или 3,00% од Кривогаштани, по 2 или 2,00% од општините Гевгелија, Кочани, Могила, Новаци и Штип и по 1 или 1,00 % кандидат од Бутел, Шуто Оризари, Брвеница, Зелениково, Кавадарци, Македонска Каменица, Петровец и Сопиште.
Политичкиот субјект Европски фронт предложил лиси со 120 кандидати, од кои 16 или 13,33% се од Чаир, 10 или 8,33% од Тетово, 7 или 5,83% од Гостивар, 6 или 5,00% од Струга, по 5 или 4,17% од Сарај и Дебар, по 3 или 3,33% од Бутел, Врапчиште, Долнени, Карбинци, Кочани, Центар Жупа, Чашка и Штип, по 2 или 1,67% од Гази Баба, Шуто Оризари, Валандово, Велес, Демир Капија, Желино, Зелениково, Ресен и Теарце, и по 1или 0,83% кандидат од општините Аеродром, Центар, Арачиново, Битола, Василево, Виница, Делчево, Конче, Неготино, Охрид, Петровец, Пехчево и Пласница.
Политичкиот субјект Коалиција Твоја Македонија предложил листи со 120 кандидати, од кои по 6 или 5,00% се од општините Карпош и Центар, по 5 или 4,17% се од Гази Баба, Гостивар и Кочани, по 4 или 3,33% се од Ѓорче Петров, Кисела Вода, Битола, Охрид, Прилеп, Тетово и Куманово. Потоа следат со по 3 или 2,50% кандидати од Аеродром, Бутел, Брвеница, Јегуновце, Струмица и Теарце, со по 2 или 1,67% од Чаир, Велес, Кавадарци, Кратово, Радовиш, Сопиште, Струга и Штип и со по 1 или 0,83% кандидат од општините Сарај, Шуто Оризари, Берово, Босилово, Валандово, Вевчани, Виница, Гевгелија, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Илинден, Карбинци, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Лозово, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Неготино, Ново Село, Петровец, Пробиштип, Ресен, Свети Николе, Старо Нагоричане, Чашка, Чешиново и Чучер Сандево.
Коалицијата „ВЛЕН“ предложила листи со 120 кандидати од кои 19 или 15,33% се од Чаир, 17 или 14,17% се од Битола, 10 или 8,33% се од Студеничани, 9 или 7,50% се од Тетово, по 6 или 5,00 се од Липково и Чашка, по 5 или 4,17% се од Сарај, Кочани и Охрид, со по 4 или 3,33% кандидати се од Гостивар, Долнени, Струга и Куманово, со по 3 или 2,50% се кандидати од Дебар, Сопиште и Теарце, со по 2 или 1,67% кандидати од Бутел, Гази Баба и Карпош и со по 1 или 0,83% кандидат од Шуто Оризари, Боговиње, Брвеница, Велес, Желино, Крушево и Ресен.
Коалицијата за Европска иднина предложила листи со 120 кандидати од кои 8 или 6,67% се од Центар, 7 или 5,83% се од Карпош, 5 или 4,17% се од Тетово, по 4 или 3,33% се од Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Брвеница, Гостивар, Охрид, Струмица и Куманово, со по 3 или 2,50% кандидати од Гази Баба, Врапчиште, Кочани и Струга, со по 2 или 1,67% од општините Бутел, Чаир, Битола, Кавадарци, Македонски Брод, Петровец, Прилеп, Сопиште, Теарце, Чучер Сандево и Штип и со по 1 или 0,83% кандидати од општините Сарај, Шуто Оризари, Берово, Босилово. Вевчани, Велес, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Желино, Зелениково, Јегуновце, Конче, Кратово, Крива Паланка, Кривогаштани, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Неготино, Пласница, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Свети Николе, Старо Нагоричане, Студеничани и Чашка.
Коалицијата Храбро за Македонија предложила листа од 120 кандидати од кои 31 или 25,83% се од Карпош, 10 или 8,83% се од Аеродром, 9 или 7,50% се од Бутел, по 8 или 6,67% се од Кисела Вода, Велес и Кочани, 7 или 5,83% кандидати се од Куманово, 6 или 5,00% од Тетово, 5 или 4,17% од Центар, по 3 или 2,50% кандидати од општините Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Ново Село, со по 2 или 1,67% кандидати од Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари и Росоман, и со по 1 или 0,83% кандидат од општините Ѓорче Петров, Берово, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Чешиново и Штип.
Политичкиот субјект Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти поднел листи со 119 кандидати од кои 28 или 25,53% се од Прилеп, со по 10 или 8,40% се од Аеродром и Битола, со по 8 или 6,72% се од Гази Баба и Кочани, со по 6 или 5,40% се од Карпош, Кисела Вода и Центар, со по 4 или 3,36% кандидати се од Бутел, Ѓорче Патров и Гостивар, со по 3 или 2,52% кандидати од Чаир и Охрид, со по 2 или 1,68% кандидати од Македонска Каменица, Могила и Штип и со по 1 или 0,84% кандидат од Валандово, Велес, Гевгелија, Дојран, Долнени, Илинден, Кратово, Маврово и Ростуше, Петровец, Радовиш, Ресен, Сопиште и Тетово.
Политичкиот субјект Демократи предложил листи со 120 кандидати од кои 37 или 30,83% се од Битола, 14 или 11,67% се од Кисела Вода, 9 или 7,50% се од Прилеп, по 8 или 6,67% кандидати се од Боговиње, Виница, Тетово и Штип, 7 или 5,83% кандидати се од Карпош, 5 или 4,17% се од Кочани, со по 2 или 1,67% се од Аеродром, Шуто Оризари и Велес и со по 1 или 0,83% кандидат се од Бутел, Центар, Босилово, Гостивар, Долнени, Зелениково, Кавадарци, Могила, Охрид и Студеничани.
Предлагачот Десна, предложил листи со 79 кандидати, од кои 16 или 20,25% се од Куманово, 14 или 17,72% се од Велес, 10 или 12,66% се од Прилеп, 7 или 8,66% се од Аеродром, 6 или 7,59% се од Кавадарци, по 4 или 5,06% се од Гази Баба и Битола, по 3 или 3,80% се од Карпош и Штип, по 2 или 2,53 се од Кисела Вода и Центар и по 1 или 1,27% се од општините Чаир, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Росоман, Струмица, Тетово и Чучер Сандево.
Предлагачот Левица предложил листи со 120 кандидати од кои 9 или 7,50% се од Карпош, по 7 или 5,83% се од Аеродром и Тетово, по 6 или 5,00 се од Центар, Битола, Брвеница, Кочани и Охрид, по 5 или 4,17% се кандидати од Велес, Кавадарци и Куманово, по 4 или 3,33% се од Кисела Вода и Прилеп, по 3 или 3,33% се од Гази Баба и Гевгелија, по 2 или 1,67% се од Бутел, Ѓорче Петров, Чаир, Гостивар, Демир Хисар, Неготино, Свети Николе, Струга и Штип, и по 1 или 0,83% кандидат е од општините Берово, Богданци, Виница, Градско, Делчево, Демир Капија, Дојран, Долнени, Илинден, Јегуновце, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Струмица и Теарце.
Предлагачот Нова алтернатива предложил листи со 80 кандидати од кои 21 или 26,25% се од Ѓорче Петров, 11 или 13,75% се од Босилово, 9 или 11,25% се од Струмица, 7 или 11.25% се од Карпош, 6 или 7,50% се од Кисела Вода, по 5 или 6,25% кандидати се од Центар и Неготино, по 2 или 2,50% кандидати се од Аеродром и Бутел и по 1 или 1,25% кандидат се од општините Гази Баба, Сарај, Чаир, Шуто Оризари, Василево, Виница, Зрновци, Кочани, Ново Село и Прилеп.
Родина како подносител на листи со 120 кандидати за парламентарните избори 2024 година, 16 или 13,33% се предложени од општината Аеродром, 15 или 12,50% од Карпош, 12 или 10,00% од Кавадарци, 11 или 9,17% од Ѓорче Петров, 10 или 8,33% од Гази Баба, 9 или 7,50% од Бутел, по 8 или 6,67% од општините Кисела вода и Центар, 6 или 5,00% од Радовиш, по 4 или 3,33% кандидати од Конче и Охрид, со по 3 или 2,50% од Битола и Сопиште, 2 или 1,67% од Струмица и со 1 или 0,83% од општините Сарај, Чаир, Берово, Велес, Неготино, Ново Село, Струга, Чешиново и Куманово.
Работничката партија предложила листи со 40 кандидати од кои 10 или 25,00% се од општината Струга, 7 или 17,50% од Карпош, 5 или 12,50% од Центар, по 3 или 7,50% од Кисела Вода и Могила, по 2 или 5,00% се од Аеродром, Бутел, Гази Баба и Битола, и по 1 или 2,50% кандидат од општините Арачиново и Охрид.
Твоја партија предложила листи со 79 кандидати, од кои 16 или 20,25% се од Кавадарци, по 14 или 17,22% од Центар и Велес, 7 или 8,86% од Карпош, по 6 или 7,59% од Аеродром и Кисела Вода, со по 3 или 3,80% кандидати од Ѓорче Петров и Чаир, 2 или 2,53% од Неготино и со по 1 или 1,27% кандидат од општините Бутел, Гази Баба, Битола, Гевгелија, Кочани, Новаци, Прилеп и Куманово.