Москва: Петмина милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија откако фрлиле бомба врз полицијата и отвориле оган при што, во прстрелката загинале и двајца полицајци, а четворица се повредени.
Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачите фрлиле бомба од автомобил кон патрола на сообраќајната полиција и отвориле оган од автоматско оружје.
Според полициско соопштение, убиените напаѓачи се идентификувани како наводни учесници во нападот врз полицајци на 22 април кога убиле двајца полицајци, а еден тешко раниле.