29-ти април
Димитар Ковачевски – СДСМ: Граѓаните ќе треба да бираат помеѓу две опции – едната која за цел има просперитетна Македонија, преку полноправно членство во ЕУ до 2030 година или политичка опција која нуди маглив план за репреговарање на договорот со Бугарија и преговарачката рамка за која ЕУ се изјаснила дека не е можно.
Христијан Мицкоски – ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да заврши какоидеолог, во политичка пензија ќе оди акко обичен криминалец.
Али Ахмети – ДУИ: Сега имаме две филозофии, интеграција и изолација и ние сме за мир, ние сме за стабилност, ние сме за најголема безбедност, ние сме за иднината, ние не сакаме да ја враќаме болната историја, на неа треба да се сеќаваме, но да не ни се повтори, да ја изградиме иднината, а нашата иднина е во ЕУ.
Биљал Касами – Влен: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени.
Изет Меџити – Влен: Не сакаме по секоја цена да бидеме дел од некоја влада која нема да биде европски настроена.
Африм Гаши – Влен: Во идната влада, коалиција „Влен“ е гаранција во идната Влада дека уставните измени ќе се усвојат.
Максим Димитриевски – ЗНАМ: До овој момент ема договор за коалициј, а партиското раководство ќе одлучува а подршка за претсаедател.
Димитар Апасиев – Левица: Ние ќе коалицираме само со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава.
Фатмир Битиќи – СДСМ: Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика!
Небојша Захариевски – ЗНАМ: Туризмот и мерките за негов развој имаат важно место во нашата програмата.
Амар Мециновиќ – Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени.
Бујар Османи – ДУИ: Најголемо понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот.