НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Први мај: Меѓународен Ден на Трудот – борба за правата на работниците

0
By Zoran Ivanov on May 1, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работниците на Чикаго се заслужни тоа што денес во голем дел од светот се одбележува Први мај како меѓународен празник на трудот.

Почеток

Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата. Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права,  всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, САД.

На први мај 1886 година повеќе десетици илјади работници на Чикаго излегоа на улиците, со единствена цел да издејствуваат воведување на осумчасовен ден. Полицијата која внимателно го следела штрајкот, во првите два дена не употребила сила. Меѓутоа, на 3 мај кога дошло до судир помеѓу работниците на синдикатот кои штрајкуваа и оние кои биле вработени наместо нив, се вмешала многубројната полиција со палици и огнено оружје за да воспостави ред при што се убиени 4 лица и повредени  многу членови на синдикатот.

Ваквиот однос на полицијата предизвикала огромен револт помеѓу штрајкувачите, а група предводена од Август Спајс и Алберт Парсонс побарале самите да се вооружаат. На 4 мај, околу 3.000 членови на синдикатот го продолжија штрајкот, но пред крај, лице чие идентитет никогаш не бил откриено, фрлило бомба при што биле убиени 7 а ранети 67 полицајци. Полицијата ги уапсила организаторите на штрајкот и ги извела на суд, а четворица од нив, меѓу кои Спајс и  Парсонс, на 11 ноември 1887 година биле погубени.

Никогаш не била докажана вината на погубените, иако заговарале вооружен отпор и насилство како револуционарна метода.  Околу 250.000 луѓе, долж улиците на Чикаго ги испратила погребните остатоци на Парсонс, изразувајќи ја својата солидарност со неправедно погубените работници.

Работнички синдикати

На првиот конгрес на Втората интернационала одржан во 1889 година било одлучено „Први мај да биде заеднички празник во сите земји, на кој работниците треба да манифестираат единство и солидарност во своите барања за подобрување на својата положба“. Оттогаш празникот е манифестација на класната солидарност на работниците во светот.

Работничките синдикати се следбеници на оваа иницијатива. До денешен ден, како во целиот свет, така и кај нас, Први мај се одбележува во спомен на Чикашките работници, на оние кои своите животи ги дадоа за подобри работни услови. Интересно е тоа што иако во најголем дел во светот денот на трудот се одбележува на Први мај, во САД денот на трудот се слави во првиот понеделник во Септември. Всушност тие ги слават социјалните и економските достигнувања на американските работници, односно тоа е ден во чест за сето она што американскиот работник го има направено за просперитет и благосостојба на нивната земја. За првпат Денот на трудот во Америка е одбележан на 5 септември, 1882 година во Њу Јорк, во согласност со плановите на Централниот синдикат, а со тек на времето  овој ден правно ќе се етаблира во САД.

Ден на трудот во Македонија …

Синдикалното движење во Македонија има длабоки корени и традиција. Првите синдикални зачетоци датираат од 1908 година, кога е формиран првиот легален Синдикат на чевларските работници. На Првиот земски конгрес, на работниците и намештениците на Македонија, кој се одржал во Скопје од 18 до 21 август 1946 година, продолжува традицијата на синдикализмот од пред војната, со формирањето на единствената синдикална организација – Сојузот на синдикатите на Македонија.

…и во светот

Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.