НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бојмацалиев: Граѓаните да пријават ако имаат какви било закани за нарушување на изборниот процес

0
By Marija Todorovska on May 2, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одделенијата за внатрешни работи Неготино и Кавадарци се подготвени за изборите на осми мај, а граѓаните доколку имаат какви било закани за нарушување на изборниот процес, да пријават, истакна денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, беше во работна посета на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес.

Тие остварија средби со раководствата на одделенијата за внатрешни работи во Неготино и во Кавадарци, во рамки на серијата посети во сите сектори ширум земјава.

 

Од страна на раководството на овие организациски единици, потенцира Бојмацалиев, бил брифиран за постигнатите резултати во изминатите три месеци од оваа година, а ја оцениле и за поволна и безбедносната состојба.

Притоа, тој истакнал дека се подготвени за претседателските и парламентарните избори 2024, во насока на професионално извршување на своите надлежности.

– Им честитам на колегите од СВР Велес  за одличната организација и координираност во врска со првиот круг од претседателските избори 2024 година, со уверување дека и во вториот круг од претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат на осми мај, ќе продолжат со професионално извршување на полициските работни ангажмани, со цел гарантирање на демократски изборен процес. Уште еднаш македонската полиција да покаже и докаже на дело дека е тука за граѓаните слободно да го искажат својот глас, без притисоци и уцени од кого било подвлече Бојмацалиев.

Во одредени  сектори, додаде, според сознанијата на оперативниот штаб на МВР, ќе биде направена реорганизација со зголемено присуство на полицијата, на тие места на денот на изборите.

Бојмацалиев соопшти дека финансиите за бонус плата се обезбедени и ќе бидат исплатени по завршување на техничката Влада, во износ од 36.000 денари.

– Секоја година со покачување на минималната плата, се покачуваше и платата во полицијата, годинава не е покачена заради распишаните избори, но во кординациија со Македонскиот полициски синдикат, потпишани се сите документи, кога има законска можност платата на вработените во полиција ќе се покачи за 10 отсто. Со тоа покачување и покачувањата од периодот 2017 до 2023 година од 35 отсто, вкупно покачувањето ќе биде 45 проценти, истакна тој.

Бојмацалиев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.