Во црквата „Св. Спас“ во Скопје се одбележуваат 121 година од смртта на Гоце Делчев.На вечното почивалиште на Делчев најавено е цвеќе да положат претседателот на државата Стево Пендаровски, владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, собраниска делегација составена од Дарко Каевски, Даниела Николова и Велика Стојкова-Серафимовска, како и партиски делегации и здруженија на граѓани.