НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорѓи Спасов на фб: Поразот е добар ако извлечме поука

0
By Zoran Ivanov on May 11, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
СДСМ доживеа голем пораз на изборите.
И тоа е повод за сериозна загриженост, соочување со одговорноста ,за длабоко преиспитување и промени.
Но, не смее да биде повод за депресија, за внатрешни поделби и за губење на надежта. СДСМ, како и многу пати до сега, но овој пат уште побргу, може одново да стане силна и голема партија која ќе победува.
Потребно е од поразот да се извлечат потребните поуки, да се направат потребните промени и тој да се претвори во точка на пресврт и мобилизација.
Пред следниот конгрес ќе биде добро ако изработиме сериозен извештај за работата на партијата во изминатите 4 години. Ако сериозно ги утврдиме грешките и слабостите па и одговорноста, во еден достоинствен и фер процес на секој поединец и функционер за тие грешки и слабости.
И не смее да се случи нашата одговорност да ја прикриваме со фрази од видот дека народот и избирачите не ја разбрале нашата проевропска и реформистичка политика, туку ќе мора да се соочиме со секој наш потег со кој сме предизвикувале гнев и незадоволство.
Битката за остварување на стратешките цели на земјава ќе мора да ја водиме во соработка со целото општество, без притисоци и јуначење. Ќе мора да внимаваме на говорот со кој се покренуваат чуствителни прашања како што е борбата против фашизмот во Втората светска војна од која се роди и израсна македонската држава.
И не смеат да ни се случуваат несмасности како што беше зголемувањето на платите на државните функционери за 78% , големите проблеми што се појавија при замената на пасошите и личните карти ниту корупција во нашите редови.Мора да се демонстрира и достоинство во коалиционите односи.
Сега во Собранието ќе имаме извонредно способна парламентарна група, составена од голем број на поранешни министри и искусни пратеници.
Таа може да биде јадрото на обновата на СДСМ и полека на сигурно да се враќа угледот и моќта на партијата.
Јас сум убеден во тоа дека е можно.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.