Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен преку објава на социјалната мрежа Икс порача дека почитувањето на Договорот од Преспа е обврзувачки за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија.За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа, напиша Фон Дер Лаејн.
Нејзината објава се случува откако претходно денес, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова, положи заклетва во која го употреби името Македонија без Северна што предизвика реакции во Грција.