НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Либерта: Се намалува бројот на Албанците гласачи

0
By Нова ТВ on March 1, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Aнализата на гласачите во местата каде што живеат етничките Aлбанци покажува не само намалување на бројот на гласачите, туку и драстично паѓање на поддршката за владејачката партија и постојано зголемување на гласовите за конкурентите на двете главни албански партии, се вели во анализата на институтот Либерта.

Објаснување за резултатите од анализата од директорот на институтот Либерта, Едмонд Адеми

За разлика од актуелните анализи кои се фокусираат на излезноста на гласачите на локалните избори и нивните политички ориентации, генералните движења на гласачите во Македонија покажуваат многу посериозни податоци

Еве ги основните четири заклучоци:

Прво, анализата на институтот Либерта покажува намалување на гласачите кои гласаат за албанските политички партии – на централно и локално ниво. И покрај можното зголемување на населението или на граѓаните кои имаат право на глас, намалувањето на гласачите треба да се анализира сериозно, како знак на изгубена доверба во претставниците и изгубен интерес за вклучување во политичките текови.

Второ, владејачката партија ДУИ ја има најголемата загуба на гласачко тело од 30%, што е уште посериозно ако се земе во предвид нивното речиси постојано учество на власт во изминатите десет години. И покрај стабилното гласачко тело и критиките насочени кон власта, ДПА не забележува сериозен раст на избори, оттука може да се каже дека го постигнале својот максимум. Постојаниот раст на партиите надвор од биномот ДУИ-ДПА е главно резултат на деконцентрацијата на поддржувачите, но истовремено зборува и за потенцијалот на гласачкото тело кое бара нови опции.

Трето, Легитимитетот на албанските партии може да се загрози дополнително, доколку продолжи трендот на намалување на избирачкото тело, со што опаѓа бројот на освоени пратенички мандати во тековниот пропорционален избирачки систем и создава уште поголемо разочарување од избраните претставници и нивното владеење.

Четврто, доколку македонската опозиција и конечно ги бојкотира локалните избори, во комбинација со трендот на паѓањето на довербата кон партиите во Албанскиот политички блок, и нивна мала излезност, локалните избори закажани на 24 март многу лесно може да се претворат во вистински дебакл по однос на излезноста, и цензусот да биде на тенок лед.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.