Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здружението од Сетинци, Попадинци и Крушодари повторно доби грант од Владата

0
By Менче Атанасова Точи on January 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 30, 2015 17:54

Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушодари од Лерин во Македонија повторно доби финансиски средства од Буџетот на државата наменети за финансирање на програмските активности. Владата на 24.12.2014 година одлучила и на ова Здружение да му даде дел од колачот од околу 200 000 евра кој го делат 40 здруженија и фондации од државата.

Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушодари на македонската јавност и е познато по изградбата на петте споменици во централното градско подрачје кои предизвикаа многу контарвезии во јавноста, особено споменикот на Андон Косето, кој се наоѓа пред Врховен суд. .

Четири од петте споменици, уште во 2012 година биле дадени како донација на општина Центар, но по доаѓањето на Жерновски за градоначалник, зелено светло з а нивно поставување им дадоа советниците на Град Скопје. Во моментот во тек е поставувањето на шестиот споменик на Ѓорѓи Сугаре пред Универзитот „Кирил и Методиј“, на почеток на булеварот Крсте Петков Мисирков.

Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради кое се јавува како донатор на спомениците е регистрирано на домашната адреса на Ташко Јованов во скопската населба Карпош 4. НОВА го контактираше Ташко Јованов за да одговори дали и овие средства ќе бидат наменети за изградба на нови споменици и дали Здружението планира да гради уште споменици во Скопје.

„Спомениците се направени од донации во странство и од фирми. Имаме донации од околу 200 фирми. Овие пари што ги добивме од Владата се наменети за друго, но што е тоа, јас не можам да знам бидејќи не ја знам програмата на памет. Дали ќе се градат други споменици треба да одлучи Собранието на нашето Здружение кое го застапува егејското прашање“, изјави за НОВА, Ташко Јованов.

Тој не сакаше да одговори колку чинат спомениците, бидејќи како што рече , не знае со кого вистински разговара на телефон.

„Дури и ова е многу што ви одговорив“, рече Јованов.

Ова не е првпат Владата да одвојува финасиски средства за ова Здружение. Четири години по ред на сметката од ова Здружение легнувале по 5000 евра буџетски пари наменети развивање на нивните програмските активности. За што ќе бидат употребени овие средства и кои се всушност нивните активности, останува енигма.

Петте споменици кои се донација за градот од ова Здружение, никнаа преку ноќ на почетокот на септември. Спомен-обележја добија Никола Русински и Пере Тошев и тие се наоѓаат пред Универзитетската библиотека, пред Судска палата е поставен споменикот на Андон Ќосето, на генерал Михајло Апостолски на клучката кај Континентал, а на Ѓорѓи Сугарев е во фаза на поставување, пред Универзитетскиот комплекс. Ниту градоначалникот Коце Трајановски, ниту Владата не одговорија кое е мистериозното Здружение и какво е потеклото на парите со кои донира споменици на град Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.