НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фокус: Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ќе премине во ВЛЕН

0
By Ана Василевска on May 15, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фатмир Битиќи
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот Битиќи прво ќе делува како независен пратеник, но ќе биде на линија со ВЛЕН кога ќе биде потребно Бадентерово мнозинство, а потоа и формално ќе стане дел од оваа коалиција, во чии рамки има размислувања дали да продолжат во сегашната форма или да формираат нов субјект, неофицијално дознава „Фокус“.

Се уште актуелниот вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи, кој најави оставка од позицијата потпретседател на СДСМ по дебаклот на претседателските и парламентарните избори, ќе стане дел од ВЛЕН, дознава „Фокус“.

Според неофицијални информации, Битиќи нема да ги одмине внатрепартиските дебати и разврски во СДСМ по изборниот пораз, откако партискиот лидер Димитар Ковачевски најави внатрешни избори на сите нивоа.

Иако внатрепартиските избори практично значат дека цело раководство е во оставка, сепак Ковачевски не поднесе оставка на јасен и недвосмислен начин. Сепак, тоа го направија дел од членовите на најтесното раководство, меѓу кои прв беше Битиќи.

„Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех“, напиша Битиќи.

Според него, неговиот чин претставувал апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

„Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции“, напиша Битиќи.

Инаку, Битиќи беше на врвот на пратеничката листа на СДСМ во втората изборна единица веднаш после Оливер Спасовски и стана дел од новиот парламентарен состав, меѓутоа во пакет со оставката од партиската функција не поднесе оставка и од пратеничката функција.

Според нашите добро упатени соговорници, откако ќе завршат внатрепартиските процеси во СДСМ, кои се очекува да минат во тензична атмосфера, Битиќи прво ќе делува како независен и самостоен пратеник во Собранието.

Меѓутоа, дознаваме дека тој ќе биде на линија со ВЛЕН, а првиот сигнал за нивната меѓусебна соработка или координација ќе биде поддршката на Битиќи на закони за кои е потребно т.н. двојно или Бадентерово мнозинство.

Како што е познато, ВЛЕН е на добар пат да формира влада со ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа најмногу пратеници од редовите на „помалите“ етнички заедници има Европскиот фронт на ДУИ, па улогата на Битиќи, но и на други претставници на „помалите“ заедници од листите на СДСМ ќе биде исклучително битна.

Но, во следна фаза Битиќи треба и формално да стане дел од ВЛЕН, со тоа што, според нашите информации, се уште неизвесно е дали ќе биде дел од некоја од партиите што се дел од коалицијата или од новиот субјект што може да се формира, за што постојат дискусии и размислувања.

Доколку лидерите на ВЛЕН одлучат да делуваат во сегашната форма, тогаш Битиќи ќе биде дел од Демократското движење на Изет Меџити, кој се споменува како иден министер за политички систем.

Доколку, пак, Меџити, Арбен Таравари, Биљал Касами и Африм Гаши одлучат да формираат нов политички субјект каде сите ќе бидат на купче, со цел да го задржат и засилат брендот ВЛЕН, Битиќи ќе биде дел и од овој субјект, но на поинаква позиција.

Се обидовме да добиеме одговор од Битиќи како постизборно ќе делува во парламентот и дали е точно дека ќе направи трансфер во ВЛЕН, но досега тоа не се случи.

Извор: Фокус

ВЛЕН Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.