Вработен во Министерството за внатрешни работи е фатен со мито од 12.500 евра, соопшти МВР
Лицето И.М. било вработено како виш аналитичар во СВР Скопје. Осомничениот е лишен од слобода под сомневање за сторени кривични дела измама предвидени по чл. 247 од КЗ.
По пријава од три оштетени лица, на 17-ти мај наведената особа е фатен на лице место во моментот на примопредавање на 12.500 евра претходно криминалистички обработени кои ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија.
Во врска со кривичното дело извршен е претрес во службените простории кои осомничената особа ги користела при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело во вид на разни докумнети за кои постои сомневање дека се фалсификувани, разни договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови, како и тефтер со ракопис во кој е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи.
При извршен претрес во дом и други простории кои ги користи лицето И.М. лоцирани во Општина Сарај, беше пронајдено и огнено оружје со шест парчиња муниција кое најверојатно ги поседува без дозвола, а за што известено е и Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје заради преземање на дополнителни мерки.