НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вреди: Ахмети, не губи контрола, биди смирен, терај со мултиетничката коалиција

0
By Zoran Ivanov on May 18, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ахмети, не губи контрола, биди смирен, терај сo мултиетничката коалиција и биди конструктивна опозиција, му порача коалицијата Вреди на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој ја предводи, како што се нагласува, мултиетничката коалиција Европски фронт. Реакцијата е кон изјавата на Ахмети дека одлуката на ДИК за прегласување на седум избирачки места, се должи на изборен инженеринг со цел да му се наштети на Европскиот фронт.

Со жалење можеме да кажеме дека со секое ново појавување на Али Ахмети неговата состојба станува посериозна. Тоа се должи или на манипулации на Артан и Бујар, или Ахмети изгубил контрола, бидејќи ги разоткрива своите незаконски дела, велат од Вреди.

Во реакцијата се нагласува дека во првостепеното одлучување во ДИК немало етничко надгласување, туку дека врз основа на докази едногласно е одлучено дека „мултиетничкиот фронт“ предводен од ДУИ на 8 мај го прекршил изборен процес со манипулации со гласот на Албанците. Вреди наведува дека одлуката беше донесена и со гласот на членот на ДУИ во ДИК. Во реакцијата се додава дека за разлика од 2021 година, сега Управниот суд и докажа дека од ДУИ се правени манипулации за време на изборниот процес.

Не држат изјавите на Ахмети со кои се обидува Мултиетничкиот фронт да го  претстави како претставник на Албанците бидејќи самиот овој фронт се изјасни дека е мултиетничка коалиција со граѓански концепт, додека Вреди е единствената албанска опција кај нас.

На сите им е јасно дека Али Ахмети ја загубил контролата откако сфатил дека ја загубил власта. Но го повикуваме, доколку сака европска перспектива за земјата, да остане смирен, да ги води партнерите од фронтот во конструктивна мултиетничка опозиција. Да ги поддржиме прашањата што се во интерес на Албанците, како што тоа досега го правеа партиите од Вреди како опозиција. Да дозволиме правдата да дејствува. Кога правдата ги следи законите, тогаш евроинтегративниот пат на државата е загарантиран“, се вели во реакцијата на Вреди.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.