Во интервју за Радио телевизија Косово, Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата Вреди, изјави дека во идната влада Албанците ќе имаат шест министри и дека Вреди ќе ја има и функцијата претседател на Собранието.
Министрите од Вреди, како и останатите владини и други државни функционери, ќе бидат експерти во своите области, а кадровските решенија ќе ги имаме веќе кон крајот на следната недела, најави Таравари во интервјуто за РТК.