Косовскиот премиер Албин Курти вчера беше домаќин на лидерите на коалицијата „Вреди“ во Северна Македонија, Билал Касами, Арбен Таравари, Изет Меџит и Африм Гаши, на кои им го честитал изборниот резултат на 8. мај, велејќи дека тоа е првпат албанската опозиција да достигне над 100 илјади гласови.
На средбата се разговарало за прашања од значење за Албанците во Северна Македонија, но и за меѓудржавните односи, како и за други важни прашања.
Средбата, според кабинетот на Курти, минала во духот на срдечната соработка, а загржувачко за соговорнците е руското и српското влијание, кое се случува и преку коруптивни и криминални мрежи. Развојот на инфраструктурата што ги поврзува Косово и Северна Македонија беше една од главните теми на разговор, заедно со идеи и проекти за заживување на економската, културната и образовната соработка.