Неапол: Сеизмолошките станици во Италија забележа купно 150 земјотреси за помалку од пет часа почнувајќи синоќа од 19:50 часот.
Ова е најмоќната серија земјотреси во последните 40 години, соопштуваат од италијанскиот сеизмолошки завод.
На видеата на жителите објавени на социјалните мрежи, може да се видат шишиња со млеко и пијалоци расфрлани на теренот на продавниците во општината Позуоли во областа на Флегранските полиња, каде живеат околу половина милион луѓе. Најсислниот потрес бил од 4.4 степени според европската сеизмичка скала, а земјотресот е почувствуван и во Неапол.
Во Позуоли училиштата денеска ќе останат затворени, во нив се отворени сместувачките центри.