Адвокатката за човекови права, Амал Клуни, беше специјален советник во истрагата на Меѓународниот кривичен суд МКС кој бараше издавање налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Хамас, пишува Гардијан.
Весникот наведува дека главниот обвинител на судот, Карим Кан, и се заблагодарил на Клуни во изјава, велејќи дека таа е дел од панелот на експерти за меѓународно право на кои тој се обратил за совет.
Во соопштението објавено од Фондацијата за правда Амал Клуни, беше објаснето како таа учествувала во случајот во кој МКС побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Линк
.