По првото соопштение на Европската унија за последните настани во нашата земја, денес стаса нова реакција од Европската комисија.
Овој пат реакцијата изразува загриженост за ситуацијата во земјата која станува се поголема ако се има на ум лошото известување на медиумите. И потсетува на принципите врз кои треба да се води истрагата.
“Комисијата не коментира истраги кои се во тек. Сепак, ЕУ е јасна – а тоа го искажавме и во нашата изјава во саботата – врз кои принципи треба да се води криминалната истрага.”
Комисијата изразува загриженост за политичката ситуација во земјата. “Начинот на кој настаните од овој викенд беа водени и недостигот на избалансирано медиумско покривање уште повеќе ја зајакнуваат загриженоста. Да потсетиме исто така дека загриженоста беше изразена и во извештајот за напредок од минатиот октомври околу зајакната политизација и перепција на селективна правда. Оттука, од голема важност е истрагата да биде водена на независен начин и транспарентно со целосно почитување на процесот и принципите на презумпција на невиност”, вели изјавата на Комисијата.
Изјавата од саботата беше критикувана и во Македонија, од повеќе аналитичари во Европа како и од Карл Билд, поранешен шведски министер за надворешни работи и добар познавач на балканската политика. Сите сметаа дека таа реакција беше политички премногу слаба за сериозната ситуација во која земјата се наоѓа.