НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 1. јуни полесен пристап до германскиот пазар на труд за граѓаните од  Западен Балкан

0
By Zoran Ivanov on May 27, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од сабота, 1. јуни, стапува на сила третата фаза од германскиот закон, чија цел е привлекување странска квалификувана работна сила, која носи бројни придобивки за граѓаните од Западен Балкан, а пред се двојна квота на работници од регионот кој ќе може полесно да се вработи во Германија.

Минатата година германската влада воведе закон за имиграција на квалификувани работници, ФЕГ, чии одредби постепено стапуваат на сила.

Станува збор за продолжување на законот од 2016 година, кој им овозможи на граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија полесен пристап до германскиот пазар на труд, до одреден степен независен од формалните квалификации.

Според законот, секој кој има професионална квалификација ќе може да ја врши таа работа во Германија, а истото важи и без докажување и за лицата кои работеле во нивните земји најмалку две години на работа за која е потребна стручна диплома призната до државата.

Она што е ново е таканаречената „шанса карта“ за барање работа, која се заснова на доделување бодови според различни критериуми, како што се квалификации, познавање на германски или англиски јазик, работно искуство, врски со Германија, возраст и евентуално семејството кое го придружува странскиот работник.

Третата фаза од законот ќе им олесни на странските работници кои ќе се вработат да носат со себе не само потесни, туку и членови од поширокото семејство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

ВЕСТИ August 8, 2025

Глобалната консултантска фирма од САД, Бостон Консалтин Груп, разгледува планови за преселување на околу 25%…

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.