Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше нападот во текот на ноќта врз шаторскиот камп во градот Рафах во кој загинаа најмалку 45 лица.
Нетанјаху рече дека Израел се обидел да ги заштити цивилите со евакуација на еден милион луѓе од Рафах, каде што се проценува дека се наоѓале околу 1,5 милиони луѓе пред почетокот на офанзивата.
-И покрај нашите напори да не ги повредиме, се случи трагична грешка. Ние го истражуваме инцидентот. За нас тоа е трагедија, за Хамас тоа е стратегија, рече Нетанјаху во парламентот.
Во соопштението објавено доцна синоќа по експлозијата во Газа, ИДФ соопшти дека елиминирала двајца високи претставници на Хамас – Јасин Рабија и Калед Нагар – во прецизен воздушен напад во северозападниот дел на Рафах.