Пардубице: Во сударот на патнички и товарен воз во чешко Пардубице доцна во средата вечерта, најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени, јавуваат чешките медиуми.
Соопштено е дека брзиот воз од Прага до словачко Кошице, со околу 200 патници, се судрил со товарен воз во Пардубице, на околу 100 километри источно од главниот град на Чешка.
Портпаролката на локалните спасувачки служби изјави за чешката телевизија дека, наводно, загинале четири лица, десетици се повредени, а некои тешко.
Според железничката управа, возовите се судриле на новата станица Пардубице центрум, а судирот го прекинал сообраќајот на коридорот кон Моравска, пишува на веб-страницата на Чешката железница.