Песната која Македонија ќе ја претставува на Евросонг оваа година ќе претпри измени и доработка во однос на текстот и аранжманот, одлучи денеска Македонската Радио Телевизија заедно со евровизиските претставници.
Одлуката дошла како резултат на „јасно изнесените ставови и конструктивните сугестии од стручната јавност и од македонскиот аудиториум“, велат од Македонската Телевизија, а таа како јавен сервис на граѓаните ја почитува желбата на мнозинството кои го кажаа својот став во однос на песната“, пишува во денешното соопштение од МТВ
Неофицијално се дознава дека е можно на Евросонг да оди сосема друга песна, а тоа ќе значи изработка на нов спот. Доколку МТВ одлучи Есма и Влатко Лозановски да изведат друга песна – повторно ќе се изработува сосема нов спот.