Ерусалим: Израел и Хамас се вклучени во таканаречениот „Список на срамот“ на ОН, а како дел од годишниот извештај на кабинетот на генералниот секретар Антонио Гутереш во кој се документира кршењето на правата на децата во војна, објавија денеска израелските медиуми.
Ова е првпат Израел и Хамас да се најдат на список на кој се наоѓаат Русија, терористичката организација ИД, Ал Каеда, Боко Харам, Авганистан, Ирак, Мјанмар, Сомалија, Јемен и Сирија.