Сања Ристовска: Првиот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Грција и Секретаријатот за европски прашања во Владата на Северна Македонија за забрзување на процесот на интеграција на Република Северна Македонија кон Европската унија“, меморандум потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу и тогашниот вицепремиер надлежен за европски прашања на Северна Македонија Бујар Османи.
Во извештајот, кога првпат беа доставени до грчкиот Парламент, пишуваше дека меморандумот ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи“, но и дека е „во рамките на грчката политика за активно промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“. Линк