Урсула фон дер Лајен: Овие избори ни испратија две пораки, првата е дека сè уште постои центристичко мнозинство за силна Европа и тоа е клучно за стабилноста. Но, исто така е точно дека екстремите од левицата и од десницата добија поддршка и затоа овој резултат бара уште поголема одговорност од централните партии, рече Фон дер Лајен, водечкиот кандидат на ЕПП.
Светот е во превирања, а сили внатре и надвор од ЕУ се обидуваат да ја дестабилизираат и ослабат Европа.
Никогаш нема да го дозволиме тоа. Овие изборни резултати покажуваат дека мнозинството Европејци сакаат силна Европа.