Дарко Костадиновски: Ако сме свесни за нашата општествена и уставна реалност тогаш јасно е дека довербата на граѓаните во институциите на системот, довербата на граѓаните во правната држава е на историско најниско ниво. Затоа, сосема природно за мене како претседател на Уставниот суд е приоритет над сите приоритети да биде враќањето на довербата на граѓаните во Уставниот суд и враќањето на довербата во правната држава, којашто е на историско најнискониво.
Мои приоритети ккао претседател на Уставниот суд се: бескомпромисноста во обезбедувањето на самостојноста и независноста на Уставниот суд; бескомпромисност во обидите за какви било политички и од каква било друга природа влијанија врз Судот или врз уставните судии; транспарентноста и отвореноста на Судот; поинтензивна работа со науката.