Лилонгве: Леталото со потпретседателот на Малави и уште девет патници исчезна од радарот откако во понеделникот го напушти главниот град.
Претседателот Лазарус Чаквера нареди операција за пребарување и спасување откако претставниците на воздухопловните сили не можеа да стапат во контакт со пилотите.
Засега не се знае судбината на потпретседателот на малата африканска земја Саулос Чилима и деветте патници.
Растат стравувањата дека потпретседателот на Малави, Саулос Чилима, загинал при принудно слетување во шумата Чикангава, откако утринава неговиот хеликоптер не слетал на аеродромот.
Авионот на вооружените сили на Малави требаше да слета на меѓународниот аеродром Мзузу на северот на земјата нешто по 10 часот по локално време.