Славјанка Петровска: Скандалозно е што системски закон со којшто се формираат нови министерства и се врши интервенција во надлежностите на постојните се донесе во скратена постапката и со целосно исклучување на експертската јавност.
ДПМНЕ не дадоа одговор на ниту едно прашање за тоа дали ќе има нови вработувања, дали ова ќе значи делумно отпуштање на постојната администрација, ако тоа се прави по кои критериуми ќе се прави.
ДПМНЕ во Собранието имаше завет на молчење, зашто на Али Ахмети му се брзаше час поскоро да гласа, иначе ќе ви избегаше двотретинското мнозинство.
ДПМНЕ се обидува да направи премин од оние дијаметрално споритвни изјави кога жестоко беше критикуван ДУИ, кога лидерот во предизбнорната кампања ветуваше дека ДУИ заминува во опозиција, дека не треба да се факторизираат, дека се небитни, дека се криминалци коишто треба да одат во затвор и да бидат осудени за криминал.