Како што соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство во Република Македонија нема потреба од менување на Правилникот за општите барања за безбедност, со кој се регулирани максимално дозволените концентрации на афлатоксин во млекото.
И понатаму ќе се применува максимално дозволеното ниво од 0,05 микрограми на килограм млеко.
Ова следи по најавите дека Србија го менува правилникот поврзани со најавата за зголемување на максимално дозволеното ниво на афлатоксинот М1 во млекото од 0,05 на 0,5 микрограми на килограм.
Од АХВ потврдуваат дека македонското законодавство во делот на безбедноста на храната, во целост е хармонизирано со европското.