Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Татковините на Албанците

0
By Marija Todorovska on June 12, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 12, 2024 12:55
  • Африм Гаши како човек изјави дека Косово е татковина, а како прв парламентарец тврди дека ептен многу си ја сака Македонија
  • Поради дискриминацијата низ историјата, Албанците, многу тешко се определуваат да покажуваат јавна лојалност кон нивната држава
  • Македонската јавност треба да го сфати сентименталниот етнокултурен однос, кој Албанците го имаат кон Косово и Албанија

СЕФЕР ТАХИРИ

Африм Гаши како прв парламентарец за ТВ 21 во Косово изјави дека „луѓето родени по деведесеттите не можат да го разберат ова, но за мене Косово е татковина, земјата каде се родени моите родители и сочувствувам со сè што се случува во Косово“!

Изјавата ги крена уште еднаш етно-поларизирачките тонови. Во македонскиот политички блок изјавата се осуди, а во албанскиот се доживеа како нормална. Што би рекло, едни со други не можат да бидат разбрани!

Каде се греши кога се третира прашањето на лојалноста на Албанците кон државата?

Поради систематскиот институционален дискриминаторски однос на државата кон Албанците во текот на поранешниот социјалистички систем, но и на новиот „демократски“ плуралистички систем до 2001 година, а и потоа иако во поблаг однос, Албанците, вклучувајќи ги и политичарите, интелектуалците, новинарите многу тешко се определуваат да покажуваат јавно декларирана лојалност кон нивната држава или да го негуваат патриотскиот однос. Во 1994 година, слоганот на ДПА на Арбен Џафери и Мендух Тачи беше „Гласот за татковинците“. Секако дека за татковината на крај памет не се мислеше на Македонија.

Гордо и без да им се бара да демонстрираат, политичарите покажуваат еден вид на посебна припадност кон соседите: Косово и Албанија, како имагинарни етно-национални заедници. Косово, поради припадноста во иста поранешна заедничка држава, а особено поради блискоста, семејните врски, сличниот, речиси ист менталитет, културата, комуникацијата, начинот на живот и гастрономијата. Албанија поради фактот што е матична држава.

После војната во 2001 години и постигнувањето на Охридскиот договор, Али Ахмети обидувајќи се да го смени односот на Албанците кон државата изјави „Македонија е мојата татковина“. Но, во последната предизборна кампања ќе изјави дека „Албанија ми е мајка, а Косово ми е тетка“. Во албанскиот јазик припадноста кон државата се истакнува и преку зборот „мајковина“!

Една од нај брилијантните поезии, во албанската книжевност е токму со насловот „Мајковина“!

Мајковина се нарекува земјата

каде ми паднала главата,

када сум ги сакал мајката и таткото,

каде ме познава и сувиот камен,

каде сум имал дом,

каде сум го запознал Господ,

каде прадедовците биле,

и се наоѓаат нивните гробови,

каде сум растел со трошки,

каде сум го зборувал мојот јазик,

каде имаме семејство,

каде сум се смеел, и сум плачел,

каде живеам со смеење и надеж,

каде имам желба да умрам.

Според поезијата, татковината наша, значи на Албанците нема ама баш ниедна причина да не биде Северна Македонија.

Но, дали еден човек може да има две татковини?

Африм Гаши за ТВ 21 го  изјави тоа што го мисли искрено како човек за „татковините“? Како државен функционер, во „поправен“ наврат за Сител одлучно тврди „Не верувам дека има друг кој ја сака Македонија повеќе од мене“!

Гаши е пред се човек, а потоа политичар!

Време е политичарите Албанци да престануваат да „играат“ на етно-националистичката карта и да покажуваат и докажуваат со дела, но и зборови дека Северна Македонија е нашата земја, нашата држава!

Македонската јавност треба да го сфати сентименталниот етногенетски и етнокултурен однос, кој Албанците го имаат кон Косово и Албанија и не треба да биде максимално „ригорозна“ ако некој јавно и емотивно го изговара тоа што мисли со душа околу лојалноста кон соседните земји.

Треба да сфаќаат дека историските, социолошките и културните фактори влијаат врз нивото на припадноста на Албанците кон државата, Република Северна Македонија! „Голема Албанија“ или „Обединета Албанија“ се замислени политички концепти, кои не се артикулирани политички од ниедна политичка партија, ниту се возможни во гео-политичкиот контекст во кој се наоѓаме и во кој ќе се наоѓаме.

Во меѓувреме, без разлика, што ќе изјавиме за татковинските чувства, треба да се обидуваме да градиме подобра држава за сите нас!

Проф. д-р Сефер Тахири е универзитетски професор. 

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.
Албанци СЕФЕР ТАХИРИ татковина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.