НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бриселски „Политико“ тврди: Урсула Фон дер Лајен блокира извештај во кој се критикува Италија за медиумски слободи

0
By Zoran Ivanov on June 17, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека бара поддршка од Рим за втор мандат на чело на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се обидува да го забави официјалниот извештај на ЕУ во кој се критикува Италија за кршење на медиумските слободи.

Како што изјавија неколку официјални лица за бриселски „Политико“, истрагата на Европската комисија укажува на сузбивање на слободата на медиумите во Италија откако екстремно десничарската премиерка Џорџа Мелони ја презеде власта во 2022 година.

Годишниот извештај за почитување на владеењето на правото во земјите-членки на ЕУ се очекуваше да биде одобрен на -ти3 јули, но тоа може да биде одложено додека не се именува нов претседател на Комисијата, изјавија двајца функционери за бриселскиот портал.

Одложувањето на извештајот е невообичаено и Фон дер Лајен ризикува потегот да се смета за политички мотивиран, имајќи предвид дека таа во моментов бара поддршка од лидерите на ЕУ, како што е Мелони, за да обезбеди втор петгодишен мандат на чело на Комисијата.

Медиумските здруженија предупредија дека мешањето на владата и тужбите против новинарите станаа почести во Италија во последните две години. Во минатогодишниот извештај за владеењето на правото, комисијата веќе ја критикуваше Италија, велејќи дека нејзиниот закон за клевета се повеќе се користи за прогон на новинарите.

-Постои видлива подготвеност да се блокираат прашањата поврзани со Италија и владеењето на правото, рече еден функционер на Комисијата кој, како и другите, укажа на напорите на Фон дер Лајен да биде реизбран за претседателка на ЕК.

Официјални лица кои разговараа за „Политико“ под услов да останат анонимни велат дека кабинетот на претседателката побарале од генералниот секретаријат на Комисијата да го одложи објавувањето на извештајот.

Официјални лица, исто така, велат дека обидите на фон дер Лајен да избегне отворена критика на Италија наиде на неодобрување во Комисијата.

Како што беше посочено, таквото мешање би било штетно бидејќи Урсула фон дер Лајен, како и службите на Комисијата, не треба да се мешаат во процесот на нејзиниот избор за втор мандат.

Политико пишува дека извештајот сега се очекува да биде разгледан откако лидерите на ЕУ ќе го поддржат новиот претседател на Комисијата, што значи најрано до средината на јули, иако тоа може да потрае до септември.

Извештајот за владеење на правото се уште е на дневен ред за 3-ти јули во плановите на Комисијата, но надлежните велат дека датумот наскоро ќе биде поместен.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.