Никица Корубин: Трите темелни договори за функционалност и опстанок на Северна Македонија како современа, граѓанска и европска и евро-атлантска држава, сите влезени во преговарчаката рамка и стратешкиот однос со САД, свесно се компромитираат.
Црвената линија која се преминува уште на самиот почеток, е опасност за сите, ама одговорот го должат засегнатите, особено најгласните ЕУ промотори. Декларативните и суштинските.
Краток е патот од граѓанска и мултиетничка држава во квази-национална, а особено со замижувањето пред “фрлената ракавица” длабоко од “српскиот свет”. Или Отворен Балкан им звучи попрефинето на досегашната про-европска власт, а сегашна опозиција? Линк