Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО откако сите 32 членки на Алијансата се договорија тој да го наследи Јенс Столтенберг, објави бриселскиот портал Политико.
По поддршката од Унгарија и Словачка пред два дена, Романија денеска потврди дека ќе гласа за Руте, откако романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече својата кандидатура за шеф на НАТО.
Според Политико, Руте доаѓа на чело на НАТО во критични времиња.
Тој ќе ја преземе функцијата на 2-ри октомври, само еден месец пред американските избори кои, оценува Политико, ќе ја обликуваат судбината на овој воен сојуз кој служи како најуспешна бариера наИсточна Европа против руската агресија.