НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хроника: Почна дводневната сесија на Собранието на Република Северна Македонија на која утре до полноќ треба да се изгласа новата влада на чело со мандатарот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

0
By Zoran Ivanov on June 22, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На собранискиот пленум воведно излагање и елаборација на предлогот на владиниот состав и на програмските содржини се обрати мандаторот Мицкоски, опонираа координаторите на опозицијата Оливер Спасовски од СДСМ и Димитар Апасиев од Левица.

Поенти

Христијан Мицкоски:

  • Народот очекува резултати, неморал и потфрлања нема да толерирам;
  • Враќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата и криминалот;
  • Веќе во вторник нова инвестиција од повеќе од 400 милиони евра;
  • Ннамалување на даноците и зголемување на пензиите и платите;
  • Борба против корупцијата и криминалот;
  • Градење на добри односи со нашите соседи и негување на меѓуетничките односи;
  • Од секого ќе барам да даде максимум и брзи резултати;
  • Економското заживување, економски раст со поттик од стабилни јавни финансии;
  • Поддршка за конкурентен приватен сектор и значајни инвестиции во иновациите и во информатичката технологија;
  • Раст на БДП до 5 проценти годишно.

Оливер Спасовски:

  • рограмата на новата влада е далеку од дадените ветувања
  • Изборите ги добивте на манипулативен начин бидеќи во владината програма нема ниту збор за меѓународнуте договори;
  • За Договорот со Бугаријта нема ниту детално разработен план како ќе ја промените Преговарачката рамка за која рековте дека нема да ја прифатите и дека ќе одите на нејзина промена;
  • Овие денови се гледа и промената на личниот став во однос на Преспанскиот договор, дека нема да го користите уставното име, ниту придавката, денеска најавивте дека тоа ќе го направите и ако е тоа новиот концепт,  тоа е чесно и фер пред граѓаните да биде кажано, и како мандатар на Владата денеска говорите дека ќе го почитувате уставното име и Преспанскиот договор;
  • Немате ниту конкретни рокови и за наведените проекти во Програмата, нема финансиска конструкција како тие ќе се реализираат, ниту за задолжувањето од една милијарда.

Димитар Апасиев:

  • Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се на власт имаат најголеми влади. Гломазна влада, африканска влада со многу министри;
  • Требало да пишете Република Северна Македонија оти го издупи.те народот;
  • По образование осум економисти, шест правници, три политиколози, два лекара, два инжинера, еден спортист, еден историчар и еден глумец. Јас би рекол сите сте глумци во владата. Имате еден етнички Србин, шест Албанци и 16 северномакедонци. Преспанскиот за вас е реалност, а Преспанскиоит не признава Македонци. Има и еден косовски шпион во владата и веднаш ќе му реферира на Курти кога ќе држите седници, рече пратеникот од опозицијата.
  • Новата влада плагијатор на програмата зашто во неа има само десетина добри работи и сите тие се препишани од Левица која овие програмски цели ги има кај себе во континуитет од 2020 година.

Денеска и утре се одвива интензивна пратеничка дебата со излагања, реплики и контра реплики, а гласањето за новата влада, согласно собранискиот деловник, е закажано за утре, недела, пред полноќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.