Најмалку 25 лица загинаа синоќа, а 50 се ранети во израелското гранатирање на шатори за раселените Палестинци северно од градот Рафа, соопшти Министерството за здравство на Газа и вработените во Итната помош.
Тоа е најновиот смртоносен напад врз малата палестинска енклава каде стотици илјади луѓе ги напуштија своите домови по конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Портпаролот на цивилната одбрана во Рафа, Ахмед Радван рече дека очевидци им кажале на спасувачите за гранатирање на две локации во крајбрежна област полна со шатори, а Министерството за здравство соопшти дека многу луѓе биле убиени и ранети во нападите.
Нападите се случија во непосредна близина на безбедната зона одредена од Израел.
Израелската армија соопшти дека проверува што се случило во наведените координати.