НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета на СКМ: Власта е најголем подмитувач на бизнисот

0
By Zoran Ivanov on June 25, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот. Најчесто се обидува да го корумпира индиректно, а главно му бара пари, процент од тендери, нечие вработување или унапредување, донација за политичка партија, подароци или услуги. Повеќето компании тоа не го пријавуваат, дел сметаат дека ќе пропаднат, а дел не веруваат дека ќе има каков било ефект. Ова го покажува анкетата што ја спроведе Стопанската комора во март годинава, а се однесува на 2023 година.

Според податоците, на пет компании им биле побарани преку 100 000 евра, а на другите од кои исто така се барале пари, 1 000 – 10 000 евра. Од некои, пак, што учествувале на тендер, се барале 6 – 10 отсто од износот на тендерот.

Вкупно 61 отсто од фирмите се соочиле со корупција два до пет пати во текот на годината, а повеќе од 20 отсто еднаш. Притоа, ниту едно коруптивно барање не е пријавено во постапка на Јавното обвинителство или кога некој вршел ревизија, во такви случаи немало нудење мито.

Од оние компании што не прифатиле коруптивно барање, 48 проценти рекле дека имале последици врз бизнисот. Тоа било најзиразено преку пролонгирање на нивните активности.

Според 78 отсто од компаниите коруптивното барање дошло од централната власт, а според 22 процента, од локалната власт. Најчестиот облик на корупција биле пари, подарок или услуга, а обидот за нудење мито бил во постапка на добивање дозвола или одобрение, при инспекциски надзор, царинска или тендерска постапка, даночна, судска, катастарска,… Две третини од компаниите се соочиле индиркетно со корупција, им било дадено до знаење дека нешто се очекува. Веројатно и јавниот сектор е внимателен.

Но, од 51 одговор, 31 компанија рекла дека ништо не презела. Дел велат дури и „нормално е нешто да се даде“, а многу мал дел пријавиле кај претпоставениот во јавниот сектор. Според компаниите, нема пречки за да пријават корупција, меѓутоа некои не веруваат дека ќе има каков било ефект, а некои се плашат дека тоа ќе има последици врз нивното работење. Многу малку од оние што се соочиле со корупција, пријавиле, се бројат на прсти, рече потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски.

Согласно анкетата, 30 проценти од компаниите сметаат дека ќе пропаднат ако не прифатат мито, 35 отсто велат дека прифаќањето би им помогнало, но и дека нема да пропаднат ако не прифатат, додека 30 проценти оценуваат дека нема никакво значење дали ќе прифатат мито или не.

– Повеќето компании мислат дека судскиот систем е неефикасен, дека во власта има поединци кои сакаат брзо да се збогатат, дека владее морална криза во општеството, како и дека законите не се применуваат. Вкупно 42 одговори од компаниите биле дека нема ефикасна заштита за оние што пријавуваат мито, а 23 одговори рекле дека се ниски платите на службениците во јавниот сектор, што, според приватниот сектор, е една од причините зошто има корупција, истакна Јовановски.

За 83,3 отсто од компаниите корупцијата е еден од најголемите проблеми во земјата кои мора веднаш да се решат, а 96 проценти веруваат дека може да има успех во борбата против корупцијата.

-Дел од компаниите предлагаат да се зголемат казните за коруптивните дела, Јавното обвинителство да има обврска во разумен рок да се произнесе за пријавите кои ги добива од Антикорупциската комисија, да се зголеми свесноста на сите граѓани и да се зголеми интегритетот во работењето на бизнисот, дополни Јовановски, додавајќи дека компаниите би прифатиле кодекс на етичко однесување кој би го изработила Комората, а би потпишале и декларација за етички принципи.

Тој најави дека Стопанската комора во наредните 12 месеци, во рамки на проектот „Граѓаните против корупцијата“, ќе потпише меморандум за соработка со Антикорупциската комисија, ќе реализира обуки и работилници за компании и ќе изготви кодекс за етичко однесување.

Анкетата е спроведена во март, електронски, а се однесува на 2023 година. Одговориле 138 компании, од кои 75 целосно, на сите прашања. Седиштата на компаниите кои одговориле, се во 25 општини низ државата, главно урбани, а работат во 48 дејности. Две тртетини се фокусирани на домашниот пазар, а една третина се извозници, но вклучени биле и фирми кои не се членки на Комората.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.