Атина: Преку писмо до Комисијата за конкурентност, министерот за поморство на Грција Христос Стилианидис побарал поблиска соработка за справување со појави на драстични и неоправдани зголемувања на цените на траектите во земјата, како и за заштита на потрошувачите.
Во оваа насока, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите истакна дека ќе се интензивираат контролите за цените на билетите, а постои и нов механизам што оценува изолирани случаи на неоправдани зголемувања.
Маринакис паралелно посочи дека доколку се забележи прекршување на законот или неоправдано зголемување, ќе постојат и соодветни санкции.
Според грчките медиуми, годинава, за одредени острови, цените на бродските билети се зголемени во споредба со лани.