НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанската опозиција: ИНСТАТ го фалсификува пописот

0
By Zoran Ivanov on June 28, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанската опозиција реагираше во врска со податоците околу бројот на населението при што обвини дека Институтот за статистика, ИНСТАТ, лаже со податоците околу на населението а премиерот Еди Рама дека „го купил и пописот како гласови на избори“.

-Денеска ИНСТАТ ги објави податоците од пописот за бројот на населението и становите. Во двата случаи има манипулација. Бидејќи, според ИНСТАТ, населението во Албанија е над 2,4 милиони и за 12 години се додадени само 70 илјади станови. Ова е целосна манипулација. Првата, манипулација е со податоците околу бројот на преостанатото население во Албанија. Според податоците на Евростат, повеќе од 900.000 луѓе ја напуштиле Албанија само во земјите од Европската Унија, не вклучувајќи ги оние кои заминале во Велика Британија, Канада, Австралија, САД и слично, за кои нема официјална статистика, изјави Инес Нурја пренесувајќи го ставот на Демократската партија.

Второ, според неа, не може да се зголеми бројот на станови за само 70 илјади за 12 години бидејќи со едноставна пресметка само во Тирана за 3 месеци градоначалникот Еријон Велиај издал 231 илјади квадратни метри за градба.

Значи ИНСТАТ лаже и со бројот на станови. Вистинската бројка на населението е многу дискутирано прашање како резултат на многуте заминувања од Албанија во последните години. Следствено, одговор на ова можеше да даде само редовен и точен попис на населението, што според резултатите објавени денеска не се случи, обвини таа.

И од крилото на демократите предводено од Љуљзим Баша не веруваат во пописните резултите, нарекувајќи ја ова статистичка операција „деформиран попис“, додавајќи дека „Албанија не заслужува распаѓање, најголем извоз на Рама, заминувањето на Албанците“.

За Партијата на слободата на Илир Мета, Рама го купил пописот како гласовите на избори а денешното објавување на резултатите е едноставно фарса.

-По повеќе месеци од кога заврши пописот Рама конечно ги објави ресултатите во јавноста, се разбира како и колку сака тој, но не како вистина. Неколку километри подалеку во Косово, податоците за пописот што се одржуваше таму, бројот на регистрирани лица, веднаш беа дадени на прогресивен, континуиран и апсолутно транспарентен начин. Во Албанија се случи сосема спротивното, транспарентноста беше апсолутна нула, а блокирањето на податоците за повеќе месеци е светски феномен. Гледајќи ја реалноста во Косово и во Албанија се покажува истата слика како во изборните процеси, каде Косово блеска, а Албанија со Рама избледува, рече Петрит Васили потпретседател, пренесувајќи го ставот на партијата.

Тој додаде дека реалноста е пред очите на сите Албанци кои гледаат стотици напуштени села, мрачни и испразнети градови, кои попладне тонат во тишина затоа што стотици илјади Албанци секојдневно ја напуштаат државата. Сите знаат, рече тој, дека Албанија е втора земја во Европа по барање азил на нејзини граѓани.

Претходно пописните резултати, во однос на бројот на населението, соопштија дека не ги признаваат Македонците, кои според податоците на ИНСТАТ ги има 2.281 а како Бугари се попишани 7957 лица, што е последица на заканите на бугарски претставници кон Македонците.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.