Околу стотина кандидати од левицата и од парламентарното мнозинство околу францускиот претседател Емануел Макрон се откажуваат од учество во вториот круг на парламентарните избори.
Во 306 изборни окрузи од вкупно 577 низ целата земја има по тројца кандидати кои одат во вториот круг. Во пет окрузи има дури и по четворица кандидати. Од овие 311 окрузи, каде што за вториот круг има повеќе од двајца кандидати, во 161 округ водат кандидати на „Националниот собир“ или нивните сојузници.
Меѓу оние кои се откажале од учество во вториот круг се претежно претставници на левиот „Нов народен фронт“. Така, на пример, во Нормандија лев кандидат се откажа во корист на поранешната премиерка на Макрон, Елизабет Борн. Во некои случаи се откажуваат и кандидати од претседателската коалиција.
Целта е да се поддржи кандидатот кој ќе се спротивстави на кандидатот на „Националниот собир“ во соодветниот округ во вториот круг од вонредните парламентарни избори.
Изборниот закон предвидува дека денеска до 18 часот кандидатите можат да се повлечат од изборите до вториот круг, што потоа значително ќе се смени односот на силите. Најчесто се повлекува кандидатот со помал процент на гласови, но нема правила.