НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ ги враќа квотите и давачките за увоз на шеќер и јајца од Украина

0
By Marija Todorovska on July 2, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел:  Европската комисија соопшти дека од денеска повеќе на важи одлуката со која увозот на шеќер и јајца од Украина во ЕУ беше ослободен од давачки и квоти, од причина што увезените количества на овие две стоки ги надминаа нивоата утврдени со Регулативата за трговските повластици за Киев.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со цел да ја поддржи Украина во нејзините напори за справување со руската воена инвазија, Унијата во 2022 година воведе посебни трговски мерки за либерализација на увозот на одредени украински стоки во земјите членки на Унијата. Но, приливот на евтини украински прехранбени производи, пред се во источните земји на блокот – Романија, Полска, Словачка, Унгарија и Бугарија, предизвика реакции, пред се на земјоделците, поради што Унијата мораше да воведе квоти за слободниот увоз на некои стоки.

Согласно оваа одлука, повторно ќе се воведат тарифи и квоти за украинските јајца, живина, шеќер, овес, пченка, житарки и мед согласно Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина од 2016 година, доколку нивниот увоз го надмине просечниот обем од периодот меѓу 1 јули 2021 и 31 декември 2023 година.

Претходно, на 18 јуни, врз основа оваа одлука квоти и давачки беа воведени и за увозот на овес.

– Со оглед на тоа што увозот на јајца и шеќер од Украина од почетокот на 2024 година веќе е над утврдениот обем, дополнителниот увоз ќе продолжи со давачки по моделот на „најповластена нација“, објави Комисијата.

Согласно овој модел во периодот од 1 јануари до 5 јуни 2025 година, Украина ќе може да извезува пет дванаесеттини од нивоата поставени за активирање на квотите и тарифите.

Ова ограничување значи дека Украина во овој период ќе може да извезе на 109.438 тони шеќер во ЕУ. Пред руската инвазија Украина извезуваше во просек по околу 20.000 тони шеќер годишно, за во 2022 и 2023 година тој извоз да се зголеми на речиси 500.000 тони.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.