НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: НАТО има најголема поддршка во Полска и Холандија, најмала во Грција и во Турција

0
By Zoran Ivanov on July 2, 2024 ТИКЕР, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Њујорк: Истражување спроведено меѓу граѓани на 13 земји членки на НАТО, покажа дека во просек околу шеесет отсто од испитаниците имаат позитивен став кон овој западен воен сојуз, објави денеска Истражувачкиот центар Пју.Резултатите од истражувањето беа објавени во пресрет на самитот на НАТО, што ќе се одржи од 9 до 11 јули во Вашингтон.

Триесет и две земји-членки на НАТО ги прилагодуваат своите долгорочни планови и стратегии за да се спротивстават на рускиот претседател Владимир Путин и да одговорат на барањата на Украина во борбата против инвазијата на руските сили.

Поддршката за НАТО меѓу 13-те земји каде што беше спроведено истражувањето е најголема во Полска со 91 отсто, потоа Холандија со 75 отсто и Шведска со 72 отсто.
Сепак, само 37 отсто од возрасните во Грција велат дека го поддржуваат НАТО, што е најниско меѓу анкетираните земји, додека 59 отсто рекле дека имаат неповолен став за алијансата.

Истражувањето покажа дека 63 отсто од луѓето во Канада гледаат позитивно на НАТО, 66 отсто во Британија, 64 отсто во Германија, 63 отсто во Унгарија, 60 отсто во Италија, 54 отсто во Франција, 45 отсто во Шпанија и 42 отсто во Турција. Кога станува збор за Турција, таму е речиси двојно поголема поддршка за НАТО, отколку претходната анкета во таа земја, спроведена во 2019 година.
Центарот претходно објави резултати од САД, каде 58 отсто од испитаниците го поддржуваат НАТО.
Анкетата е спроведена од почетокот на јануари до средината на мај.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.