НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АФП анализа: Блиските односи на Вучиќ со Русија не се компатибилни со европската иднина

0
By Zoran Ivanov on July 2, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Француска новинска агенција АФП во анализата на релација Москва – Белград – Брисел наведува дека ЕУ често изразува загриженост за односите на Србија со Москва. Уште минатата недела шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, потсети дека „блиските врски со режимот на Владимир Путин, не се компатибилни со европската иднина – ја анализира средбата на српскиот претседател, Александар Вучиќ со рускиот заменик министер за надворешни работи на Русија, Александар Грушко новинската агенција АФП.

Српските медиуми објавија осврт на Француската новинска агенција на денешната средба во Белград на која била пофалена соработката помеѓу Србија и Русија која, се наведува, Белград никогаш целосно не ја прекинал од инвазијата врз Украина во февруари 2022 година.

Вучиќ објави фотографија со Грушко на Инстаграм и напиша дека разговарале за односите помеѓу Србија и Руската Федерација и нагласиле дека се многу добри. Српскиот претседател истакна и дека особено и се заблагодарил на Русија за поддршката на територијалниот интегритет на Србија и за нејзиниот став „за резолуцијата на ОН за Сребреница“.

Како што пренесуваат српски медиуми, АФП истакнува дека Москва секогаш го поддржуваше Белград во неговото одбивање да ја признае независноста на Косово и гласаше против резолуцијата на Генералното собрание на ОН за прогласување Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Како кандидат за прием во ЕУ од 2012 година, Србија е речиси целосно зависна од руски гас за своите енергетски потреби, а Белград, кој во ОН ја осуди руската инвазија врз Украина, сè уште постојано одбива да се приклучи на западните санкции против Кремљ, наведува АФП.

Француската новинска агенција напомнува и дека Грушко „се сретнал со потпретседателот на Владата на Србија и поранешен шеф на разузнавачките служби, Александар Вулин, кој ја посети Москва на почетокот на јуни, како и со министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ со кого разговарал за „актуелните безбедносни предизвици и потребата од континуирана соработка меѓу институциите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.