Спофија: Бугарскиот Парламент денеска го отфрли предлогот за формирање нова влада, предложен од централнодесничарската партија ГЕРБ, што најверојатно ќе ја доближи земјата до нови избори, седми по ред во изминатите три години.
ГЕРБ предложи Росен Желјазков, актуелниот претседател на Парламентот, да ја води новата влада наместо нејзиниот лидер Бојко Борисов, кој претходно водеше три влади меѓу 2009 и 2021 година, кога неговиот трет кабинет поднесе оставка по масовните антикорупциски протести.
Иако Борисов се обиде да најде коалициски партнери во други помали партии, тој не успеа да обезбеди доволна поддршка.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев следниот мандат за формирање влада ќе го предаде на партијата Движење за права и слободи (ДПС), која според освоените гласови на изборите е на второ место.