Скопје: ЈЈСП првично соопшти дека јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, априватните превозници ќе продолжат да возат согласно свозниот ред и дека долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието, соопштија попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Во меѓувреме градоначалничката Аровска го разрешила само пред некој ден од неа именуваниот в.д. директор Кушовски и од градот денеска негираат дека ЈСП има било каков долг спрема приватните автобуски превозници.
Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараа финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. Тие најавија дека до петок како предупредување ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.