Комити кои во изминатиот период управуваа со клубот известуваат дека е постигнат договор со нов сопственик и дека наскоро ќе биде објавено неговото име.
Би сакале да потенцираме дека во текот на преговорите, заедно со сите засегнати страни, успеавме да го постигнеме најдоброто решение за Вардар и да ги донесеме најважните одлуки за кои длабоко веруваме дека ќе допринесат пред се кон процесот на целосна рехабилитација на клубот од повеќегодишната криза, а воедно и дека истите ќе допринесат кон тоа да клубот во најбрз можен временски период, повторно се врати на шампионските патеки – онаму каде што припаѓа. Тоа е борбата од која никогаш нема да се откажеме, стои во соопштението на Комити.