Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тогаш кога премиерот не дојде кај професорот Шкариќ

0
By Биљана Секуловска on February 7, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 7, 2015 12:44

Кога минатата година, некаде пролетта, професорот Светомир Шкариќ на Саемот на книгата ја промовираше својата книга “Научно толкување на Уставот на Македонија”, се собравме неколку изгубени, жедни души за можеби најважното, најсветото. Не, не мислам на Уставот на професорот.

На сите ни требаше само малку воздух, само малку слобода да дишеме и начин како да го слушнеме тивкиот професор, додека трештеше турбо-фолк музика однадвор, во некое тесно, загушливо собиче, со мизерно светло и озвучување, со микрофон и звучници кои откажуваа, со гласови кои го надвикуваа професорот, злокобни гласови кои го спречуваа неговиот Устав. Како Едгар Алан По, како црни гаврани надвиснати над нашата мизерија и понижување, како да не претставуваше Алан По таму сите нас и викаше очајнички: Никогаш повеќе! Nevermore!

Бевме засрамени од професорот од тоа како беше организирана промоцијата на неговото дело. Во истиот тој миг, додека завиваа звучниците, се прекршуваа и превиткуваа кривите столчиња, се боревме да слушнеме и видиме, додека се надвикуваше професорот и ни се наметнуваше бедата во која ќе беше промовирано неговото толкување за Уставот, тогаш се случи тоа.

Тогаш за миг излегов, за момент, како да знаев.

Баш тогаш, токму тогаш, доаѓаше премиерот, во официјална посета на Саемот на книгата.

Беа еден наспроти друг- сами, само тој и Уставот на Шкариќ. Беше време на одлука. Нагоре, после десетина скали можеше да се качи премиерот, таму каде што беше промоцијата, и долу, салата со илјадници луѓе, телохранителите, веројатно не удираа во мозок цеците и аца лукасите и – го задржа еден штанд со книги, каде застана. Никој не го спречи премиерот
да се качи по скалите.

Одлуката беше негова- тој или ние.

Ние бевме горе и професорот Шкариќ беше подготвен, иако се колебаше, тетураше и даваше отпор се околу него, иако професорот не надвикуваше некако и го совладуваше сиот тој безумен простор околу нас.

Да дојдеше премиерот, ќе го слушаше треперливиот глас на професорот во години, како се бори со воздухот кој си го одземавме едни на други, со крештавите гласови однадвор во песните, со сите овие години поминати во незнаење, несакање и забрани, но никогаш јалова борба, онаа од памтивек. Тука е и борбата за членот 16.

Ете затоа, забраната на Обвинителството да се објавуваат материјали од случајот Пуч за кои лидерот на опозицијата Заев е осомничен, е залудно потрошено време. Да дојдеше тогаш премиерот, ќе знаеше. Зошто се бориме за кислород и сепак сме горе, со Уставот на професорот Шкариќ. Надвиснат над премиерот, како Гавранот на Алан По.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.