Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кларк предупреди за можен конфликт на Балканот, апелира за вклучување на НАТО во Украина

0
By Marija Todorovska on July 10, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 10, 2024 12:35

Поранешниот командант на здружените сили на НАТО за Европа, американскиот генерал Весли Кларк предупреди на опасноста од започнување нов конфликт на Балканот доколку Русија не биде запрена во Украина.

Во синоќешното интервју за Си-Ен-Ен, кое денеска го пренесуваат косовските медиуми, Кларк рече дека Србија им служи на интересите на Русија и она што Србија го бара е руска поддршка за нејзино територијално проширување.

Според командантот на сојузничките сили во времето на кампањата на НАТО против Србија во 1999 година, српскиот претседател, Александар Вучиќ сака од рускиот претседател, Владимир Путин овластување за да ги употреби своите сили во Косово.

– Раката на Русија се чувствува на Балканот, Србија е рака на Русија на Балканот. Србија им служи на интересите на Русија. Вучиќ е паметен, сака да изгледа како да ги игра двете страни, но кога ќе дојде време ќе го направи она што го бара Путин. Она што тој го сака од Путин е секако овластување да ги употреби своите сили во Косово, барем да земе половина од северниот дел на Косово, а можеби и повеќе, и секако дека сакаат да ја поделат Босна и да ја земат Република Српска и да ја направат „голема Србија“. Сето ова е со цел етничко чистење на Балканот. Видовме многу насилство, убиства во последните 30 години и мислевме дека НАТО го запре, но ако има проблеми во Украина, тој проблем ќе дојде на Балканот и лидерите, како премиерот (на Косово, Албин) Курти, мора да се соочат со него, рече Кларк.

Тој додаде дека НАТО треба да се вклучи во ослободувањето на Украина како што тоа го направи со Косово во 1999 година.

– Путин знае дека не сакаме провокација која води кон нуклеарна конфронтација и продолжува да не предупредува со нуклеарни вежби… Се сеќавам кога НАТО се загрижи дека бомбардира друга земја, „дали треба да престанеме, да паузираме“, се плашеше, но ние секако инсистиравме. НАТО инсистираше затоа што САД како лидер инсистираа и Британија исто така…, ние не отстапивме. Ова е време кога НАТО мора да ја удвои својата решеност дека Путин нема да победи и дека мора да направиме повеќе одошто да нудиме оружје. НАТО мора да направи повеќе. На пример во Косово денес имаме 25 години демократија, слободна држава, јас бев таму, сите имаат приказна на ужасот, како што кажа премиерот (Курти) и сите се благодарни на НАТО. Мора да биде исто и за Украина, мора да ја спасиме Украина. Тоа е наша должност како НАТО, порача Кларк.

Пензионираниот американски генерал нагласи дека најдобар начин за одбрана е приемот на Украина во НАТО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.