Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ослободен од обвинение полицискиот инспектор обвинет за смртта на мигрантка

0
By Marija Todorovska on July 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 11, 2024 15:01

Полицаецот Игор Марков од гевгелиско Негорци, кој минатата година застрела смртно 23-годишна мигрантка, е ослободен од обвинение. Ваква пресуда донесе Кривичен суд во судската постапка што се водеше во врска со смртта на 23-годишна мигрантка. Обвинетиот и неговите адвокати не беа присутни во судницата.

Судот изрази жалење и сочувство до блиските и до сопругот на мигрантката. Право на жалба се има во рок од 15 дена по прием на пресудата, до Апелационен суд.

-Патот на мигрантите до остварување на нивната цел да стигнат до место кое за нив ветува подобар живот е пропратен со многу предизвици, ризици и опасности. Но надежта за подобар живот е водилката која ги мотивира мигрантите да се впуштат во една ваква цел полна со неизвесност. Судот изразува сочувство до присутниот сопруг Кабубака Камара и на семејството на 23-годишната Фатмата. Ова судење беше многу емотивно. Загубата за изгубениот не може ништо да ја компензира, но Судот одлуките ги носиврз основа на Уставот и законот и врз база на поднесените докази, рече судијата Ненад Савески.

Тој потоа ја прочита одлуката на Судот – Оттаму Игор Марков од Негорци се ослободува од обвинение, ја прочита судијата пресудата.

Незадоволство од пресудата, изрази Глигорие Ќатоски, полномошник на оштетените лица, на сопругот, мајката и на сестрата.

– Секако дека не можеме да бидеме задоволни од ослободителната пресуда. Ќе почекаме да ја добиеме и писмено образложената пресуда. Согласно законот за кривична постапка, како полномошници на оштетен, немаме право да подмесуваме жалба на ослободителната пресуда, тоа право го има јавниот обвинител. Се надевам дека таквото право ќе биде искористено, рече адвокатот.

На 26 септември од Обвинителството соопштија дека е поднесен обвинителен акт против полициски инспектор за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

Настанот се случил на 19 април 2023 година.

Според соопштеното, обвинетиот и покрај тоа што бил свесен дека на местото на настанот има поголема група на лица – мигранти, како и тоа дека во раката држи огнено оружје полно со муниција, испукал еден истрел предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на насобраните лица. Испуканиот истрел, ја погодил Фатмата Камара од Сиера Леоне, која седела на задно седиште во возило, нанесувајќи ѝ повреда во задниот дел на десното рамо. Како резултат на здобиените повреди, таа починала откако била пренесена во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија.

мигрантка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.