Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Документите од Фондот стигнаа откако почина Тамара

1
By Менче Атанасова Точи on February 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 9, 2015 11:38

Документите за малата Тамара Димовска здравствените власти ги побарале утрово само неколку часа откако почина 9-годишното девојче. Срцето на девојчето не го издржа притисокот на искривениот рбет и градниот кош. Семејството е во шок и неверување.

„Синока си легна доцна, ми рече „мамо лошо ми е “. Ја болеше срцето, како и многу пати до сега ја масиравме. Градниот кош и кривината на рбетот ја притискаа на срцето, не можеше да дише. Утринава во 6 часот итно ја однесовме во болница, ја реанимираа, но безуспешно, ќерка ми почина“, со солзи и неверување раскажува Жаклина Димовска, мајаката на малата Тамара.

Состојбата на малата Тамара почна да се влошува, а Фондот и Министерството за здравство ја одолговлекуваа процедурата за нејзина операција. Институциите не можеа да се договорат дали и каде ќе се лекува деветгодишната Тамара , која имаше тежок деформитет на рбетниот столб.

Министерството, Фондот за здравство и Комисијата во Фондот излегуваа со контрадикторни информации. Последната информација беше дека биле на разговор во Фондот за здравство и дека чекаат да се врати лекарот од САД што им го препорачале надлежните. Дури потоа да почне процесот на закажување на операцијата и лекувањето.

„Дури после 8-ми февруари ќе знам повеќе детали“, изјави за НОВА на 25 јануари мајката на Тамара, Жаклина.

Тамара не го дочека тој ден, почина ноќта меѓу 8-ми и 9-ти февруари во својата деветта година од животот, чекајќи „чичковците“ од фондот и Министерството да се договорат каде и како ќе лекува девојчето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.